Д-р. Кетрин Маникс, која работи во интензивна нега 30 години, откри за BBC што се случува само неколку моменти пред смртта.
Како што објаснува на почетокот, најстрашно од се е да се биде во состојба да не се знае ништо за тоа што се случува.
- Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
- (Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
- Грција потпиша договор за набавка на 20 американски борбени авиони Ф-35
- Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно девојче
- Македонскиот пасош e рангиран на 41 место според „Henley Passport Index“
- Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку 120 тони вода
- Политико: Истрага во Европол!
- Сообраќајна несреќа во Охрид: Неофицијално повредена е странска државјанка
- Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот во Португалија
„Првото нешто што забележувате е дека на телото почнува да му снемува енергија, речиси како кога имате стар мобилен телефон и батеријата не се полни. А полначот е сон. Повеќе од храна, повеќе од пијалок не сакате ништо. Всушност, многу луѓе кои умираат не чувствуваат дека се многу гладни и тоа е во ред. И постепено луѓето стануваат не само поспани, туку и несвесни. Сега тие не ја препознаваат разликата“, објаснува докторката.
Таа зборуваше и за таканаречениот „смртен мрак“ кој може да звучи вознемирувачки. Еве што значи тоа.
„Мозокот активира рефлексивни шеми на дишење кои одат напред-назад помеѓу прилично длабокото дишење кое постепено станува поплитко. А потоа назад на почетокот, и напред-назад помеѓу периоди на прилично бавно дишење, потоа побрзо дишење и повторно назад кон бавно дишење. Човек кој така дише, можеби брзо, но плитко, се бори за воздух“, вели докторката.
Таа вели дека тоа е знак на „длабока несвест“ и дека тогаш животот не ви трепка пред очи, како што често се прикажува во филмовите.
„Тогаш човекот е целосно безгрижен . И тогаш на самиот крај од животот на една личност обично ќе се случи една од тие фази на бавно дишење. Ќе има издишување кое едноставно нема друг здив после него“, додаде таа на крај.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.