Никогаш веќе нема да се двоумите дали сте го исклучиле шпоретот или пеглата

Ако сте од оние луѓе кои не можат да престанат да се грижат за тоа дали го исклучиле шпоретот или пеглата откако излегле од дома, време е да престанете да се измачувате- решението е поедноставно отколку што мислите.
Иако денес постојат различни мобилни апликации, оптимизации и автоматизации, решението за расеаноста се состои од само еден клик.

трик
Пред да излезете од дома или пред да одите на патување, земете го телефонот и фотографирајте ги сите уреди за кои најчесто се прашувате дали сте ги исклучиле. Убаво и јасно нека се гледаат бројките за да нема забуни.
Сосема е нормално да се појават двоумења бидејќи пред да излеземе од дома секогаш сме во некаков хаос или нешто бараме.
Оние кои го пробале овој трик тврдат дека откако почнале со оваа рутина се чувствуваат посигурно и полесно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.