Нилис го засили стручниот штаб на Белгија

 Легендарниот белгиски напаѓач, Лук Нилис, во пресрет на квалификацискиот натпревар со Македонија, го засили стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Белгија.Според ангажманот кој го договорил со Фудбалската федерација на Белгија, Нилис ќе работи само со напаѓачите.За натпреварот со Македонија, за местото во нападот на белгија конкурираат Ромелу Лукаку, Кристијан Бентеке и Јел Фосен.Нилис како активен играч бил член на Андерлехт (1986-1994), ПСВ Ајндховен (1994-2000) и Астон Вила (2000-2001).За репрезентацијата на Белгија одиграл 56 натпревари и постигнал 10 голови, со националниот тим учествувал на две светски првенства (1994, 1998) и едно европско првенство (2000).
Макфакс Легендарниот белгиски напаѓач, Лук Нилис, во пресрет на квалификацискиот натпревар со Македонија, го засили стру

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.