Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави новите цени на горивата. За еден денар, на полноќ поскапува ЕУРОДИЗЕЛОТ, а цената на бензините не се менува.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛОТ е 66 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, а на ЕУРОСУПЕР 98+ 76,5 денари.
Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, и ќе се продава по цена од 68,5 денари. Цената на мазутот исто така се зголемува за 0,6 денари, и ќе изнесува 38,5 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи: