Израелскиот министер за енергетика Израел Кац денеска изјави дека Појасот Газа нема да биде снабден со струја и вода додека киднапираните од палестинската милитантна група Хамас не бидат вратени во Израел.
„Хуманитарна помош за Газа? Нема да се вклучи електричен прекинувач, нема да се отвори пумпа за вода и нема да влезе камион со гориво додека киднапираните не се вратат дома“, напиша Кац на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Тој додаде дека Израел на хуманитарноста ќе одговори со хуманитарност.
- Саша Ковачевиќ со бесплатен концерт за првата роденденска забава
- Трудо останува премиер на Канада – парламентот повторно му изгласа доверба и покрај обвинувањата за поскапувањето и криминалот во земјата
- (Видео) Ердоган: По Либан и Газа, Изpаел ќе ја нападне Турција
- Намирници кои ги исфрлаат вишокот течности од организмот и го регулираат крвниот притисок
- Експлозија кај Израелската амбасада во Стокхолм
„И никој не може да ни проповеда морал“, рече Кац.
Се проценува дека Хамас киднапирал околу 150 луѓе, а нивниот идентитет се уште не е познат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.