Претседателот на скопскиот огранок на СДСМ и поранешен директор на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски им предлага на соседите ноќна стража, додавајќи дека автомобилот кој изгоре синоќа во Кисела Вода бил на негов другар.
„Ноќеска во Кисела Вода на Шампионче на другар му го запалија џипот на ист начин. Зафатена беше и зградата среќа што пожарната дојде одма. Комшии, ноќна стража додека ги фатат нарачателиве“, напиша Галетановски на Фејсбук.
Автомобилот на Галетановски беше запален на почеток на месецов, но сторителот се уште не е фатен.



