Првиот конвој со хуманитарна помош што денеска влезе во Појасот Газа не треба да биде последен, предупреди првиот човек на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс.
Дваесет камиони со помош од Египет влегоа во Газа, која е под израелска опсада и гранатирање.
„Убеден сум дека овој товар ќе биде почеток на постојаните напори за снабдување со основни добра – првенствено храна, вода, лекови и гориво – на жителите на Газа, на безбеден, безусловен начин без пречки“, кажа тој.
- Колку зема државата од платата? Разликите во Европа се огромни
- Протеkoa документи од Кремљ; Ова е сценариото на Путин за Украина
- СВР Тетово оддаде почит на загинатите во „Диво насеље“
- СЕМЕЕН АЛБУМ НА НИКОЛИЈА И ВЕСНА ЗМИЈАНАЦ: Погледнете ги емотивните спомени од детството на пејачката, а мама изгледа како АВИОН
- Млад човек (21) изрешетан со шест куршуми: Убиецот е таткото на неговиот пријател, еве што покажа обдукцијата
Денеска, според египетските медиуми, во камионите имало храна и медицинска помош, но не и гориво, кое е неопходно во Појасот Газа, чија единствена електрана не работи.
Камиони со хуманитарна помош денеска почнаа да влегуваат во Газа преку преминот Рафах, на границата со Египет, за првпат од почетокот на конфликтот пред 15 дена.
Пронајдете не на следниве мрежи:



