Обожавате сакоа? Дознајте кои се најпопуларните есенски модели

Сакото е парче облека без кое не може да се замисли ниту една впечатлива дневна комбинација, а оваа сезона зазема посебно место на модните топ листи. Едноставно не можете да видите ниту една трендсетерка на социјалните мрежи без него. Па, доколку сакате да купите ново сако, а не сте сигурни за моделот, погледнете во продолжение што е најпопуларно оваа сезона.
Карирано сако


Карираното сако се враќа на врвот на модните листи и станува неизбежен моден тренд за есен 2018 година. Па, доколку сте љубители на овој дезен, есенва без сомнение ќе уживате!


Беж боја
Капутот со беж боја е класика, но кога станува за сако, ретко која жена решава да ја одбере оваа нијанса. Сепак, оваа есен, ова неутрално парче облека може да биде најдобрата инвестиција што некогаш сте ја направиле – и поради големиот број комбинации, и поради трендот.
Сомотски модел


Оваа сезона е во духот на „меките“ бои и удобните парчиња облека, па затоа и сомотското сако се најде високо на модната листа со есенски трендови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.