Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, а пред месеци се пишуваше за тешката болест со која се борел.
Како што се шпекулираше, на Жарко му бил дијагностициран рак на белите дробови, поради што пред три месеци бил хоспитализиран во болницата „Бежанијска коса“.
- Од расправија на социјални мрежи до пукање во двор! – МВР со детали
- Израелците купуваат 10.000 ракети од Американците за една милијарда долари, тврдат дека се „лек“ за иранските беспилотни летала
- Дали Ким Кардашијан прави пауза од полагањето на правосудниот испит? Изворот тврди дека таа нема повторно да го полага испитот
- Еве ги начините на кои можете да ја одржите врската со вашиот партнер по раѓањето на вашето дете
- Германија бара нови правила за проширување на Европската Унија
Жарко последниве месеци редовно одеше на терапија, но болеста завладеа. Неговото семејство ги чувало информациите за болеста на ЖАРКО во тајност, но се дознало кога тој неодамна се разболел.
Режисерот Милан Караџиќ, кој последен пат соработуваше со Лаушевиќ во серијата „Калкански кругови“, тогаш проговори за состојбата на актерот:
- Ги сними горе-долу сите негови сцени, малку остана. Инаку, тој заврши одлична работа, презадоволни сме од сработеното, тој е маестрален актер – изјави за Новости по хоспитализацијата Милан Караџиќ, режисерот на серијата.



