Затворската колонија каде што рускиот опозициски лидер и најгласен критичар на претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални, ја издржуваше казната, ѝ кажа на мајка му дека тој починал од „синдром на ненадејна смрт“, рече членот на тимот на Навални, Иван Жданов.
Жданов на мрежата Х објави дека семејството на Навални чека да го побара телото.
Тимот на Навални тврди дека тој е убиен и ги обвинува руските власти дека го чуваат неговото тело за да ги „покријат трагите“.
- „Не сум декор во политички театар“ – советничка на ЗНАМ од Прилеп ја напушти коалицијатаСоветничката на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп, Мирјана Стеваноска, соопшти дека… Read more: „Не сум декор во политички театар“ – советничка на ЗНАМ од Прилеп ја напушти коалицијата
- Румен Радев вети стабилност, правда и европска држава„Румен Радев“Привремената влада на Андреј Ѓуров ѝ ја предаде власта на новоизбраната… Read more: Румен Радев вети стабилност, правда и европска држава
- Нов раст на цената на златотоЦената на златото денеска бележи нов раст на европските пазари, при што… Read more: Нов раст на цената на златото
- Зошто ракот на срцето е толку редок?Тајната може да лежи во механичката сила на срцевите отчукувања – откритие… Read more: Зошто ракот на срцето е толку редок?
- По серија тужби: ChatGPT воведува функција што го предупредува семејството во случај на ризик од самоубиствоКомпанијата OpenAI претстави нова функција наречена „Доверлив контакт“, дизајнирана да ги предупреди… Read more: По серија тужби: ChatGPT воведува функција што го предупредува семејството во случај на ризик од самоубиство
Рускиот опозиционер Алексеј Навални почина на 47-годишна возраст во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец!
Информацијата за смртта на Навални во петокот ја потврди Одделот на Федералната поправна служба.
- На 16 февруари во воспитно-поправна колонија број 3, осудениот Наваљни А.А. се чувствува лошо по прошетката и речиси веднаш изгуби свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош – се наведува во соопштението.
Беа извршени сите неопходни мерки за реанимација, но, како што се наведува, не дале позитивни резултати.
- Лекарите од итната помош констатирале смрт на осудениот. Причините за смртта се утврдуваат – се додава во соопштението.
Федералната казнена служба на Русија исто така соопшти дека испраќа комисија во поправната колонија бр. 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, каде што почина Алексеј Навални.
Еден од лидерите на руската позиција и најголем критичар на претседателот Владимир Путин, да потсетиме, минатиот август беше осуден на нови 19 години затвор под обвинение за екстремизам.
Пронајдете не на следниве мрежи:



