Полицијата и форензичарите сe уште го „чешлаат“ супермаркетот во Мерфелден-Валдорф, Германија, каде маж (48) синоќа брутално ја убил својата поранешна партнерка, а потоа се самоубил.
Убиецот испукал неколку куршуми кон несреќната жена, која работела во супермаркетот како касиерка, а потоа си го одзел животот.
- 123 години од смртта на Гоце Делчев – во Владата трибина, во Собранието доделување на наградаНа денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце… Read more: 123 години од смртта на Гоце Делчев – во Владата трибина, во Собранието доделување на награда
- Делови од Драчево утре без струјаОд ЕВН известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на 4 мај… Read more: Делови од Драчево утре без струја
- Бесент: САД го зголемуваат економскиот притисок врз Иран, губат стотици милиони долари дневноСАД дополнително го зголемија економскиот притисок врз Иран со блокирање на извозот… Read more: Бесент: САД го зголемуваат економскиот притисок врз Иран, губат стотици милиони долари дневно
- Mотоциклиститена удар на полицијата: Казнети над 100 возачи во Скопје, падна и едно приведувањеВчера на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од… Read more: Mотоциклиститена удар на полицијата: Казнети над 100 возачи во Скопје, падна и едно приведување
- Весна Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи за децатаАктерката Весна Петрушевска започна иницијатива за собирање 10.000 потписи со цел, како… Read more: Весна Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи за децата
Сè се случило околу 19 часот и 15 минути, додека продавницата била преполна со муштерии. Според медиумите, жртвата била на касата, а не се знае дали во тој момент послужувала некого или чекала муштерија да пријде.
Кога одекнале истрелите, во продавницата настанал хаос, а очевидци тврдат дека не можеле да го напуштат супермаркетот, бидејќи работниците ги заклучиле вратите.
Полицијата смета дека жената била убиена затоа што нејзиниот поранешен партнер не можел да се помири со раскинувањето.
,,Доказите укажуваат дека зад мотивот се крие неуспешна љубовна врска“, рече државниот обвинител и додаде дека истрагата сè уште е во тек.
Убиената жена и убиецот раскинале пред околу шест месеци, а претходно живееле заедно. Во овој момент сè уште се проверува дали имало пријави за насилство додека биле во врска, како и дали имало некакви наредби за задржување.
Убиецот, како што соопшти обвинителството, немал дозвола за оружје, а телата се испратени на обдукција. На местото на настанот полицијата пронашла неколку чаури, а засега не се знае од кое оружје се пукало.
Пронајдете не на следниве мрежи:



