Овошје кое е еликсир на младоста, полно со антиоксиданси и витамини

Тие се одличен извор на калиум, влакна, витамини А и Е, поради што има многу здравствени придобивки. Факт е дека според количината на природни влакна кивито зад себе ги остава јаболката, а во категоријата овошје богато со калиум кивито ја надминува и бананата.
Со консумирање само две киви дневно во текот на сезоната го одржувате вашето здравје бидејќи помага во одржување на здравјето на срцето и крвните садови, а ова се и другите здравствени придобивки од кивите:
Го регулира крвниот притисок
Кивито е богат извор на калиумови електролити, кои играат важна улога во одржувањето на доволна количина течност во организмот. Исто така, ги регулира отчукувањата на срцето и крвниот притисок и се спротивставува на негативните ефекти на натриумот.
Го намалува холестеролот
Влакната во кивито може да го намалат нивото на лошиот холестерол. Како што го намалува холестеролот, го намалува и ризикот од срцеви заболувања и срцев удар. Правилниот внес на калиум е клучот за здраво срце, а кивито е еден од најдобрите извори.


Го зајакнува имунитетот
Големо количество фолна киселина, покрај витаминот Ц, го зајакнува одбранбениот систем на организмот. Го зголемуваат производството на бели и црвени крвни зрнца, како и антитела, кои нѐ штитат од вирусни заболувања.
Помага при запек
Кивито содржи многу влакна кои спречуваат запек, а се препорачува како храна за здрав појадок. Може да се комбинира со друго овошје, јогурт, кефир, мусли итн.
Ги зајакнува коските
Минералите присутни во кивито, како што се магнезиумот и калиумот, ги зајакнуваат коските, забите и ноктите. Овие минерали помагаат во заздравувањето на коските при фрактури, а исто така го подобруваат функционирањето на нервниот и мускулниот систем.
Ја ублажува нервозата и анксиозноста
Идеални се и во борбата против стресот. Кивито содржи влакна кои спречуваат запек и е многу добро за варење, го спречува гастритисот и помага при гасови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.