„Одговорот на Израел ќе се памети во следните 50 години“ Зборовите на Галан смрзнуваат крв во вените, Хамас ќе зажали!

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека одговорот на Израел во Појасот Газа „ќе се памети во следните 50 години“ и додаде дека палестинскиот „Хамас ќе зажали што ги извршил нападите“.

„Одговорот на Израел ќе се памети во следните 50 години“ Зборовите на Галан смрзнуваат крв во вените, Хамас ќе зажали!
  • Правилата на војната се сменија. Цената што ќе ја плати Појасот Газа ќе биде многу висока, што ќе ја промени реалноста за генерациите што доаѓаат – рече Галан за време на обиколката на градот Офаким на југот на Израел, каде што борците на Хамас упаднаа во саботата и ги земаа Израелците како заложници. пренесува Тајмс оф Израел.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги објавија имињата на уште 13 од 57 војници убиени во борбите со Хамас во јужен Израел.

Повеќе од 600 Израелци се убиени и повеќе од 2.000 ранети во нападите на палестинската милитантна група Хамас врз Израел, а повеќе од 100 се киднапирани.

Како одмазда, Израел започна воздушни напади во кои, според палестинските власти, најмалку 370 луѓе загинаа во Појасот Газа, а околу 2.200 беа ранети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.