Од што треба да ви се состои вечерата, ако сакате да ослабете без гладување?

Нутриционистите и научниците се согласни за листата од намирници кои му помагаат на телото да остане сито, а да се ослободи од вишокот килограми.
30 грама протеини, консумирани 30 минути пред спиење, докажано помага во намалување на обемот на струкот.
На прво место од намирниците кои се препорачуваат да се јадат навечер се најде младото сирење. Има многу протеини и калциум, па добро е за сите возрасти.


Второто место го заземаа бадемите и оревите. Многу калорични, но ако се консумираат во разумни количини, ќе бидат ваши најдобри сојузници во топењето на килограмите. Доволно е секоја вечер да каснете по 1 рака ореви или бадеми, несолени и непечени.
Третото место беше доделено на моцарелата. Доволни се 100 грама.


Четвртото место е доделено на јајцата, додека на петтото место се најде растителното тофу.
Научниците и нутриционистите се согласни дека подобро е паметно да вечерате, отколку да си легнете гладни.
Секако ова не значи дека ќе ослабете ако преку ден јадете што ќе посакате, а навечер се држите до оваа вечера. Мора да бидете умерени и во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.