Орце Тодоровски бившиот директор на БЕЛАТА ПАЛАТА денеска излезе од притвор. Се работи за случајот ДЕЛЧЕВСКИ НИВИ

Орце Тодоровски викан Ефто важи за еден од најблиските соработници на Мицковски. Тој го водеше оперативно она што во народот е попознато како БЕЛА ПАЛАТА и исто така беше управител во фирми поврзани со Мицковски во време на ВАЛАНДОВСКИОТ КОНГРЕС, кога партијата им беше дадена на дланка од таканарелените МЕРИОТСКИ СТРУКТУРИ.

За него се говори дека бил и во сродство со шоферот на Мицковски кој исто така беше во притвор до денеска…

Орце Тодоровски викан Ефто, издвоен со црвен круг

Повеќе детали за СЛУЧАЈОТ СО ДЕЛЧЕВСКИТЕ НИВИ прочитајте подолу:

Орце Тодоровски пред неколку часа е спроведен од затворската полиција до својот дом каде ќе ја издржува мерката домашен притвор. Покрај Тодоровски во случајот „Делчевски ниви“ осомничен е и Влатко Илиевски кој бил шофер на Христијан Мицвкоски.

Денеска скопското обвинителство му предложи на Кривичниот суд да го укине ефективниот и да им одреди куќен притвор на осомничените за продажбата на парцели за „ЕВН Електрани“.

Судот денеска решаваше и дали двајцата управители на „ЕВН Електрани“ Мирослав Митровски и Игор Гиевски, заедно со купувачите и препродавачите на парцелите Дарко Тодоровски и Влатко Илиевски, како и Орце Тодоровски, ќе ги пушти да излезат од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

До сега оваа група на притворени помина 30 дена во притвор во Шутка.

Понатамошни информации за овој скандал подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.