Според Бујар Османи, дебатата е најважната институција во една изборна кампања.
„Јас реков и вчера, пет дена ја менував агендата, ги откажував средбите во очекување на таа дебата“, изјави Османи, потенцирајќи дека со тоа Меџити покажува страв и неподготвеност да одговори на суштински прашања за Чаир и за сопствените политики.
Тој додаде дека е подготвен за соочување со секого, во секое време и на секое место.
„Нека го земе и Мицкоски и нека изберат место и време, и јас ќе дебатирам со двајцата“, рече Османи, нагласувајќи дека на 19 октомври ќе се случи вистинското соочување кога граѓаните ќе одлучат каква држава сакаат, каква позиција сакаат во неа и каков Чаир сакаат.



