Откако го покажа двоглавиот орел, Селма повторно влезе и го отпеа овој хит, јавноста уште повеќе збесна

На интернет се појави видео од Селма Бајрами како ја пее албанската песна „Вале Косоваре“ и прикажува двоглав орел.

Ова многумина го осудија, а откако пејачката проговори, „повлече“ уште еден потег.

Сончево со мала облачност, наутро студено со појава на магла
Наутро студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Во …
Зеленски: Во Курскиот регион распоредени 11.000 севернокорејски војници
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 11.000 севернокорејски војници се распоредени во рускиот регион Курск за да ја поддржат руската армија во обид да ги потиснат украинските сили …

Селма го испеа хитот на Лепа Брена, „Југословенка“, а на крајот испрати бакнеж.

Да потсетиме, се огласи Селма и рече дека не се плаши бидејќи никого не навредила.

– Немам причина да се плашам, бидејќи верувам дека никому не сум му се заканила. Ги сакам сите добри луѓе на овој свет и сите народи – истакна таа за Телеграф.

Со оглед на тоа што многу колеги на Селма проговорија за споменатото видео, пејачката откри дека никој лично не и’ се обратил.

-Никој не направи ништо, но драги мои, ме поддржаа оние кои ме познаваат, кои се и од Србија. Луѓето што ме познаваат, знаат која ми била намерата. Очигледно е дека некому сум му пречела, па планирале линч против мене. Времето е дете на вистината, кое сè открива. Не се срамам од своето потекло и ги сакам сите луѓе – изјави пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.