Во документот, објавен од Одделот за јавно здравје во Лос Анџелес, а до кој дојде The Blast, се наведува дека причината за смртта на Пери е „одложена“ во очекување на деталната анализа на неговите токсиколошки резултати, откако првичните резултати покажале дека тој нема траги од нелегални супстанци фентанил и метамфетамин, објави Индипендент.
- Јовановски доби максимална казна но дали треба да се размисли за построги санкции
- Крај на драмата: Илон Маск се спогоди – плаќа милиони за Твитер
- Откриена е причината за смртта на сопругата на милијардерот: Ричард Бренсон се појави на судењето, истрагата е во тек
- Нови правила за возачки дозволи: Забраната воведена во една земја ќе важи насекаде во ЕУ
- Кристина има 28 години и има 22 деца со милијардер: властите го осудија на доживотен затвор, кога избега таа му вети дека ќе има 100 наследници
- Месечината е во Јарец: 3 знаци очекуваат големи промени
- Историски потег на Пјонгјанг: Ким Џонг Ун го промени уставот, дефинитивно ставајќи крај на сонот за обединета Кореја
- Марш на ангелите во сабота: Да покажеме дека нема да молчиме и да заборавиме
- Во овој момент нема услови за уставни измени, вели шефот на македонската дипломатија
Во документот се вели и дека актерот починал на 28 октомври во 16:17 часот во својот дом во Лос Анџелес и дека неговото безживотно тело било пронајдено во џакузи.
Во изводот на смртта стои и дека Пери работел во забавната индустрија како актер 38 години, а се наведува и дека сите потребни информации на истражителите им ги дал неговиот очув Кит Морисон.
Да потсетиме, најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на интимна церемонија во Меморијалниот парк Forest Lawn во Лос Анџелес, во близина на студиото Warner Bros за последен пат да се простат од Пери.
Заедно со бројни пријатели и членови на семејството, на погребот беа и колегите од „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер. „Анистон беше една од првите кои пристигнаа на погребот“, изјави извор за Дејли Мејл.
Пронајдете не на следниве мрежи:



