Официјално е распишана меѓународна потерница по Палчо – Сите се сомневаат дека се крие на ова место

Полицијата преку Интерпол распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски – Палчо, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

– Љупчо Палевски роден на 12.12.1964 г. година во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за сторени кривични дела „киднапирање“ и „убиство“ по наредба на КСВ КО бр. 3047/23 на Основното јавно обвинителство Скопје – се наведува на официјалната веб-страница на МВР.

Неделковски: Стефковски наследи полна каса и готови проекти за да направи хаос
Дека општина Гази Баба ги живее своите најмрачни три и пол години веќе не е прашање на компарации со некој претходник, туку реалност и факт за кој говорат граѓаните, пишува …
Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!
Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од Неготино, во полициската станица пријавил дека неговиот татко извршил обљуба врз малолетничка. Според пријавата во ОВР Неготино, неговиот …

Според полицијата, Палевски е во бегство во Бугарија или Турција. Тој е поранешен градежен бизнисмен и основач на партијата Десна.

Полицијата соопшти дека повеќе кривични пријави има во периодот од 2000 до 2020 година. Како што соопшти МВР, во 2019 година против Палевски е поднесена кривична пријава за неовластено прислушување и тонско снимање, а во 2019 година поднесена е и прекршочна пријава за навреда на полицаец.

„Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено поседување оружје или експлозивни материи и непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата. Во 2005 година е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправи, во 2002 година поради лажно пријавување кривично дело, а во 2000 година поради затајување данок“, се наведува во соопштението на МВР.

Палевски на 30 ноември побегнал во Србија, од каде наводно продолжил во Бугарија. Бугарските власти денеска соопштија дека немаат информации дека Палевски влегол во нивната земја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.