Жена (60) починала во болница во Букурешт откако врз неа паднала жена која наводно се фрлила од 5-ти кат пред своите колеги.
Грозоморен случај се случил утрото на 25 октомври во главниот град на Романија, а жената која се обидела да се самоубие поминала со полесни повреди.
- Причината за смртта на 20 годишната студентка од Турција сè уште е непозната
- Од нафтени гиганти до банки: Овие компании заработуваат милијарди долари од војната во Иран
- По 7 мај, три хороскопски знаци можат да се надеваат на пари
- „Не сум декор во политички театар“ – советничка на ЗНАМ од Прилеп ја напушти коалицијата
- Румен Радев вети стабилност, правда и европска држава
- Нов раст на цената на златото
- Зошто ракот на срцето е толку редок?
- По серија тужби: ChatGPT воведува функција што го предупредува семејството во случај на ризик од самоубиство
- Мицкоски: Владата вложува во спортот, тоа е иднината на Македонија
„Полициски службеници на 25.10.2023 година, околу 08.50 часот, добиле пријава за паѓање на лице од зграда лоцирана во Сектор 4. По пристигнувањето на местото на настанот било утврдено дека жената (43), која паднала од зградата, паднала над 60-годишна жена која се движела по тротоар. Двете биле свесни, а 60-годишната жена е во тешка состојба“, соопшти кобното утро од полицијата.
За жал, постарата жена починала истата вечер во болница. Според неофицијални информации, таа имала три срцеви удари по ред и лекарите не можеле да направат ништо. Истовремено, извори од истрагата тврдат дека жената имала скршеница на ‘рбетниот пршлен, што се уште не е официјално потврдено.
Откако постарата починала, против жената (43) е покрената истрага поради сомнение за убиство од небрежност. Во моментов нема конкретни докази дека двата случаи се поврзани, но истрагата ја презело обвинителството, јавуваат медиумите.
Колегите на жената која се обидела да се самоубие изјавиле дека имала „депресивни периоди“ и дека поради тоа побарала стручна помош. Сепак, тие не знаат што ја натерало да скокне од прозорецот тоа утро.
Пронајдете не на следниве мрежи:



