Палачинки без јајца и млеко

Loading...

Потребни состојки:
750 мл топла вода
250 г гриз
100 г брашно
2 лажички прашок за печиво
1 лажица сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
Начин на подготовка:
Во сад промешајте ги сувите состојки. Во блендер додајте топла вода и квасец. Блендирајте полека со постепено додавање на сувите состојките додека да добиете хомогена смеса.
Покријте ја смесата со пластична фолија и оставете ја да се отстои барем 10 минути.
Додајте од смесата во загреана тава и свртете ја палачинката на друга страна откако ќе се формираат меурчиња.
Печете ги палачинките околу 2 минути. Послужете со мед или други додатоци по ваш избор.

loading...