Во Газа доаѓаат уште 40 камиони со помош, но тоа не е доволно
Илјадници жители на Појасот Газа упаднаа во магацините и дистрибутивните центри на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) за да земат брашно и „основни предмети за преживување“ , соопшти УНРВА.
– Ова е загрижувачки показател дека општествениот поредок почна да се урива, три недели по почетокот на војната и опсадата на Газа – објави УНРВА.
- Мајкл Џ. Фокс за справувањето со Паркинсоновата болест: „Првиот симптом го протолкував како мамурлак“
- Загина работник во Ѓорче Петров
- Општински совет е надлежен за миграциска политика колку играорно друштво за тревата
- 5 НАМИРНИЦИ БОГАТИ СО ПРОБИОТИЦИ: Сите прво помислуваме на јогурт, но не е единствениот
- Косово започна разговори за набавка на хеликоптери „Блек Хок“ од САД
- Дали знаете што е „теорија на столчиња“? Ќе ви помогне да го најдете вистинскиот партнер
- Наташа Крстевска Цалева нова шефица на Вишото ЈО Скопје
- За прв пат по повеќе од 40 години Романија потврди два случаи на лепра
- КАКО ОСАМЕНОСТА ВЛИЈАЕ ВРЗ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ? Еве што вели новото истражување
Едно од засолништата се наоѓа во Деир ал-Балах, каде што УНРВА складира прехранбени производи што пристигнале од хуманитарни конвои кои дошле во Газа од Египет .
Испораките на помош за Газа беа прекинати откако Израел почна да бомбардира густо населени делови од палестинската енклава по смртоносниот напад на милитантната група Хамас во јужен Израел на 7 октомври.
Израел потоа одговори со силни воздушни напади и блокада на Појасот Газа, при што досега загинаа повеќе од 8.000 Палестинци.
Во Газа доаѓаат уште 40 камиони со помош, но тоа не е доволно
Претставникот на Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) и шеф на канцеларијата за Палестина, Самер Абделјабер изјави дека денеска се очекува да влезат уште 40 камиони со помош во Појасот Газа.
– Сепак, морам да истакнам и дека тоа не е доволно бидејќи потребите се огромни во овој момент во Газа. Ни треба повеќе од тоа – рече Абделјабер.
Тој објасни дека тие 40 камиони со помош ги задоволуваат дневните потреби на еден милион луѓе, а на два милиони луѓе им требаат по 100 камиони храна секој ден.
Според него, помошта што пристигнува во Газа вклучува храна, вода и медицински материјали, но не и гориво.
Пронајдете не на следниве мрежи:



