Пончото е дефинитивно ултимативно парче на студената сезона кое преовладува во сите тренди бохо стајлинзи, но и нè грее во текот на есенските месеци и внесува ведрина во тмурните, дождливи денови.
Ова естетски привлечно и практично парче влече корени уште од традиционалната облека. Пончото го носеле припадниците на домородското американско население, а на шпански јазик значи волнен материјал чија намена е да го згрее оној кој го носи и да го заштити од временските непогоди.
Ниту една есен не може да пројде без пончо, а тоа совршено им одговара на дамите кои ја ценат удобноста кога температурите ќе опаднат.
Оваа сезона повторно се во тренд и еднобојните и моделите со интересни шари, а ние ви претставуваме неколку идеи како можете да го носите ова парче облека како вистинска трендсетерка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.