Пентагон официјално потврди: Американски воен брод и повеќе комерцијални бродови нападнати во Црвеното Море

Американски воен брод и неколку комерцијални бродови се нападнати денеска во Црвеното Море, соопшти Пентагон.

– Запознаени сме со извештаите за напади врз американскиот воен брод УСС Керни и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации кога ќе станат достапни, се вели во соопштението од Пентагон, без да се наведе од каде дошле нападите.

Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!
Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од Неготино, во полициската станица пријавил дека неговиот татко извршил обљуба врз малолетничка. Според пријавата во ОВР Неготино, неговиот татко …
Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во Скопје, пријавените физички ги …

Пентагон се огласи откако претходно денеска, и британски товарен брод бил погоден од ракета во Црвеното Море во близина на брегот на Јемен.

Британската агенција за поморска безбедност (UKTMO), објави дека добила извештај за активност на беспилотни летала „во близина на Баб ел Мандеб, од правец на Јемен“. Активност на беспилотни летала е забележана во областа што ја дели Источна Африка од Арапскиот Полуостров.

Бунтовниците Хути во Јемен се заканија дека ќе ги напаѓаат бродовите на Израел и неговите сојузници во Црвеното Море, како одмазда за војната против палестинскиот Хамас во Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.