Aко ова лето вистински хит беше познатата боб фризура на Дуа Липа, тогаш есенва девојките повторно се враќаат на долгата коса и неодоливите бранови.
Секако, оваа популарна фризура ќе ја гледаме уште долго време, па така истата и есенва е ставена на листата на едни од најпосакуваните.
Кога е во прашање стилизирање на косата, претстојната сезона девојките ќе обожаваат едноставни фризури со многу малку или речиси воопшто украси. Ако досега се двоумевте дали да направите некоја посериозна промена, тогаш есента е одличен период за тоа.
Опуштени бранови
Девојките секогаш се расположени за романтични бранови кои се совршени за оној период кога и времето ќе биде со пониски температури и истите ќе останат онакви какви што првично ги направивте.
„Залижана“ коса
Оваа фризура е повторно во мода, па веќе на следната пригода не двоумете се и употребете малку повеќе гел или лак за коса.
Боб
Како што веќе споменавме, оваа фризура како да не излегува од мода, па истата повторно често ќе ја гледаме низ улиците.
Крупни локни
Во последно време девојките се враќаат на природното, па така нема да имате потребно да ја скротувате природно кадравата коса.
Шишки
Лесни шишки од само неколку прамени ќе бидат хит претстојната сезона кога високите температури малку ќе се спуштат и ќе можете да уживате во новата фризура.