ПИЛЕШКО ВО КРЕМАСТ КАРИ СОС: Направете го африканското јадење КУКУ ПАКA и воодушевете ги домашните

Loading...

Куку пака е јадење што се обожува во Кенија, Танзанија и Уганда. Месото традиционално се пече на скара, но може да се замени и со тава или рерна, а потоа месото се става во кари сос и кокосово млеко. Ако не сакате егзотични вкусови, заменете го кокосовото млеко со обично.
Состојки:
1 кг пилешко
3 чешниња лук
2 лимони
2 лажички сол
¼ лажичка чили во прав
¼ чаша листови од коријандер
1 кромид
1 домат
1 чили пипер
2 лажици маслиново масло
¼ лажичка мелен коријандер
¼ лажичка ким
¼ лажичка куркума
400 мл незасладено млеко од кокос
2 лажици павлака
ориз


Подготовка:
Исецкајте го лукот, а потоа додадете сок од лимон, половина лажичка сол и чили, и истријте го во пилешкото. Покријте и маринирајте половина час.
Во меѓувреме, направете сос од кари: крупно исецкајте го кромидот, лутата пиперка, доматите и листовите од коријандер. Мешајте во блендерот додека не добиете паста. Загрејте го маслиновото масло во тава, а потоа додадете мелен коријандер, ким и куркума и промешајте неколку минути.
Истурете ја пастата од зеленчук и посолете. Мешајте додека не се соедини и варете, мешајќи повремено, сè додека не добиете смеса со густа паста, од 15 до 20 минути.
Поставете плех со хартија за печење, а потоа наредете го пилешкото. Печете околу 20 минути на 180 ° C под грилот во рерната (или испечете на скара).
Протресете го кокосовото млеко, потоа додадете го во карито и добро промешајте да се соедини. Гответе нежно додека не се згусне малку, од 5 до 10 минути. Ставете го оризот да се готви во друг сад.
Кога пилешкото ќе се свари, пренесете го со соковите од печењето во тавата каде што е сосот со кари, а потоа вријте на тивок оган, мешајќи постојано и додајте павлака. Пробајте и зачинете колку што е потребно. Послужете со ориз.

loading...