ПОГАЧИ СО МАСЛИНКИ: Остануваат свежи и до три дена, но толку се вкусни што веднаш ќе ги изедете!

Состојки:

За тестото:
250 гр путер
1 прашок за пециво
2 лажички сол
2 дл павлака
500 гр брашно
100 маслинки

За облогата:
1 јајце
2 лажички млеко

Подготовка:
За тестото измешајте путер на собна температура со прашок за пециво, сол и павлака. Постепено додавајте просеано брашно и сечканите маслинки, па замесете мазно тесто. Расукајте на набрашнета површина до дебелина од 1 сантиметар, па погачите исечете ги со калап. Се ставаат на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со мешавина од изматено јајце и млеко. Се пече на 200 степени 10 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.