На итниот состанок се разгледувала истрагата за смртта на мажот (33) од Сисак, кој починал 12 дена откако е вакциниран со АстраЗенека.
Како што дознава Индекс, човекот бил вакциниран на 5 март во Сисак, со првата доза на АстраЗенека. Тој починал утрово во болницата Ребро во Загреб.
Првите два до три дена по вакцинирањето имал треска, но после тоа се чувствувал добро. Проблемите се појавиле девет дена откако ја примил вакцината. Потоа почувствува силна болка во стомакот.
Бил хоспитализиран во Универзитетскиот болнички центар Загреб, каде извршиле МНР. Според првите информации ,било пронајдено крварење во надбубрежната жлезда.
Вечерва бил свикан итен состанок бидејќи постоело стравување дека овој случај може да биде сличен на некои од случаите пријавени во Европа.
На состанокот било договорено да се чека на обдукцијата за да се процени овој случај, што ќе заврши утре во текот на денот. После тоа треба да биде појасна причина за смртта на човекот.
Покрај крварењето во надбубрежната жлезда, човекот имал и болки во цревата и синузитис. Сега се утврдува дали овие два симптоми се поврзани со причината за смртта или не.
Постои сомневање за тромбоцитопенија (нарушување поради недостаток на тромбоцити, крвни клетки поврзани со згрутчување на крвта), што било пријавено во ХАЛМЕД за овој случај. За разлика од тромбоемболизмот, кој бил споменат досега, и кој е релативно чест, тромбоцитопенијата е многу ретка. Во Хрватска, на пример, годишно се забележуваат неколку случаи на тромбоцитопенија.
Но, ако тромбоцитопенијата се појави на милиони вакцинации по приемот на доза од вакцината, тогаш ова е сигнал што дефинитивно мора да се испита.
Теоретски, тромбоцитопенијата може да биде предизвикана од силна имунолошка реакција, но засега сè уште нема докази дека тоа се случило во случајот на починатиот 33-годишник од Сисак.Да потсетиме, ХАЛМЕД денес добил извештај за сомневање за несакани ефекти со фатален исход. Агенцијата во моментов е во контакт со здравствената установа каде се случил случајот со цел што побрзо да ја достават целата медицинска документација врз основа на која може да се направи проценка на причинско-последичната врска.
„Во извештајот беа наведени тромбоцитопенија и крварење, сепак, извештајот е многу општ и не содржи документација за причините за смртта, како и за текот и развојот на настаните што довеле до смрт“, соопштиле од ХАЛМЕД попладнето. Најголемиот дел од документацијата пристигнала во меѓувреме, но се чека клучниот наод од обдукцијата.
Оваа докумњентација денеска е испратена до ЕМА за да биде вклучена во тековната проценка, соопштиле од ХАЛМЕД.
Да потсетиме, Хрватска е една од земјите кои не престанаа со вакцинаците со АстраЗенека. Ова го сторија околу половина од земјите на Европската унија поради сомневања дека појавата на згрутчување на крвта по вакцинацијата може да биде поврзана со вакцината на AstraZenecа.
Вчера премиерот Андреј Пленковиќ изјавил дека нема докази што би ја навеле Хрватска да престане да вакцинира со АстраЗенека, пишува порталот Индекс.