Познато на кои банкноти прво ќе стои “Северна“

Loading...

Новото име на државата, Република Северна Македонија ќе стои и на банкнотите. Ова уште во март беше најавено со одлука објавена во Службен весник, а потпишана од гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска.
Промената најпрво ќе се врши на банкнотите од 10 и 50 денари кои ќе го добијат новото име на Народната банка.
Во одлуката пишува: “Народна банка на Република Македонија“, се заменува со зборовите “Народна банка на Република Северна Македонија“.
Промената ќе започне на почетокот на 2020-та година и според првичните проценки целосно треба да заврши најдоцна за 5 години.
Во некои медиуми се пишува дека НБРМ веќе склучила договор согласно кој ќе се прави промена на банкнотите, односно ќе се набават нови i банкноти со 10 и 500 денарки, со истиот дизајн на кој само ќе биде додадена Северна во името на Република Македонија.

 

loading...