Почина Бранко Давидовски, доајен на спортското новинарство

Денес во Скопје на 88 годишна возраст  почина доајенот на македонското спортско новинарство, Бранко Давидовски. Меѓу спортските работници Давидовски беше познат по прекарот „Мајка“.
Со спорт почна да се занимава далечната 1947, година во периодот на основањето на ФК “Вардар“, ги помина сите возрасни категории, а заигра и за сениорскиот тим.
По фудбалската кариера почна да работи како спортски новинар, а најголема трага остави во Македонското радио каде долги години беше уредник. Известуваше од бројни домашни и меѓународни спортски натпревари. По пензионирањето, хонорарно работеше за весниците „Вечер“, „Утрински весник“ и „Македонски спорт“.
Погребот на Бранко Давидовски ќе биде утре во 12 часот на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: