Почина актерот Девин Харјес
Американскиот актер Девин Харјес изгуби битка со ракот и почина во болницата „Маунт Синај Вест“ во Њујорк. Имаше само 41 година.
Веста за неговата смрт беше објавена преку неговата лична веб-страница. Според информациите, Харјес починал на 27 мај, а тоа го потврди и неговиот портпарол.
Харјес го запамтевме по улогата на легендарниот боксер Џек Демпси во серијата „Boardwalk Empire“. Исто така, играл во научно-фантастичната серија на Нетфликс „Manifest“ како Пит Бејлор, член на нарко-бандата наречена Meth Heads. Неговата актеска кариера го одведе и до улогата на Оскар, лекарот од островот Рајкерс во „Daredevil“, и во серијата „Gotham“, каде што го интерпретираше ликот на банкарот Клајд.
Покрај овие значајни улоги, Харјес учествуваше и во сериите „Blue Bloods“, „Orange Is the New Black“, „Elementary“ и „FBI“.
Роден во 1983 година во Лабок, Тексас, својата актерска кариера ја започнал во театарот Далас-Форт Ворт, по што се преселил во Њујорк, каде што или покажал свои таленти преку студентски филмови и претстави.
Набрзо, се впуштил во светот на независното кино, играјќи во филмови како „Шумата е црвена“, за кој ја добил наградата за најдобар актер на Меѓународниот филмски фестивал во Толентино, Италија.
Во некрологот се истакнува дека, покрај глумата, Харјес активно практикувал боречки вештини и редовно посетувал теретана. По него остануваат неговите родители, Ренди и Розана Харјес, и сестра му, Трих.
The post Почина Девин Харјес, актерот се предаде во борбата против ракот appeared first on 365.mk.