Украински војници во Црното Море синоќа со беспилотни чамци се обиделе да го нападнат патролниот брод „Сергеј Котов“ во Севастополската област, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.

При одбивањето на нападот, двата дрона беа уништени.
„За време на одбивањето на нападот, двата непријателски чамци на далечинско управување беа уништени со оган од стандардното оружје на рускиот брод на растојание од 1.000 и 800 метри“, пренесува РИА Новости.
Корветата „Сергеј Котов“ по нападот продолжува да ги извршува задачите во Црното Море, нема повредени, соопштено е.
Пронајдете не на следниве мрежи:


