Предлог за ручек: Ќофте во сос од домати и кајмак

Loading...

Ручек за сите љубители на месо и кајмак.
Потребни состојки:
120 г ориз
450 г мелено месо
90 г лук
3 г лук во прав
1 јајце
10 г сол
5 г буковец
Сос
50 г пасирани домати
100 г кајмак
5 г сол
20 мл масло
130 г вода
Начин на подготовка:
Во сад промешајте месо, ориз, лук, јајце, буковец, сол и бибер. Обликувајте ги ќофтињата по желба, препорака е да бидат помали за да се испечат поубаво. Оставете ги малку да отстојат, а за тоа време направете сос.
Промешајте ги пасираните домати, кајмак, масло, сол, буковец и вода. Ставете ги ќофтињата во сад за печење и прелијте со сос.
Печете 1 час и 20 минути на 180 степени. Сервирајте со кајмак и листови свеж босилек.

loading...