Многу домаќинки полека ги засукуваат ракавите и почнуваат со големи подготовки за Велигден. Вапсување јајца за Велигден е еден од најстарите христијански обичаи, но на многу домаќинки им се кршат лушпите за време на готвењето.
За да ги искористите јајцата кои не можете да ги обоите, ви подготвивме рецепт кој веруваме дека ќе ви се допадне.
Полнетите јајца кои можете да ги украсите во духот на Велигден се идеални за семејната празнична трпеза.
Состојки:
- 10 варени јајца;
- 5 лажици мајонез;
- 2 лажички сенф;
- 200 гр. крем сирење;
- сол, бибер;
- црвен пипер;
- моркови за декорација.
Подготовка:
Варените јајца исечете ги на половина, извадете ги жолчките и ставете ги во поголем сад.
Измешајте жолчки, мајонез, крем сирење, сенф и зачини.
Наполнете ја внатрешноста на јајцето со фил.
Морковите исечкајте ги да изгледаат како мали моркови, па наредете ги врз филот.
Оставете ги јајцата во фрижидер најмалку еден час и потоа послужете ги.
Пријатно!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.