Престолнината затрупана: Ова не е видено 117 години

Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, денеска се забележани најобилните ноемвриски снежни врнежи во историјата на земјата.Според медиумите, снегот го успорил сообраќајот, имало и прекини во електричната енергија и откажани стотина летови, додека надлежните најавиле дека се подготвуваат за нови врнежи од снег во наредните денови.겨울왕국 SEOUL pic.twitter.com/kiItPvpt8d— 4680JJ (@SeoulT4680) November 27, 2024Најмалку две лица загинаа во сообраќајни несреќи на автопатите источно од главниот град, додека делови од објекти кои паѓаа од згради и градилишта поради силните ветрови повредија некои пешаци во Сеул, јавува Ројтерс повикувајќи се на јужнокорејски медиуми.Since 117 year ago #Seoul witness today was the heaviest #snowfall in #Novemberhttps://t.co/w22s8hNibN— Badriah (@Badara99) November 27, 2024Постудениот воздух од северозапад го претвори дождот во снег во текот на ноќта, формирајќи снежна обвивка од 18 сантиметри по локално време, што е најобилните снежни врнежи во Сеул од почетокот на евиденцијата во 1907 година, соопшти јужнокорејската метеоролошка агенција.South Korea’s weather agency said 20cm (7.8 inches) of snow fell in northern areas of Seoul and nearby areas.https://t.co/ssj7fXlMUthttps://t.co/ssj7fXlMUt— The Star (@staronline) November 27, 2024Повеќе од 200 летови се откажани или одложени, повеќето од нив домашни, бидејќи лошите временски услови, вклучително и силните ветрови, ги погодија и аеродромите низ земјата, а најмалку 70 фериботи кои ги опслужуваат островите се суспендирани.Струјата беше прекината на илјадници домаќинства во неколку области на Сеул и централниот регион, бидејќи електричните водови беа оштетени од паѓање дрвја и други ефекти поврзани со снежните врнежи, јавуваат јужнокорејските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи: