Приведени двајца крадци- од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари

Денеска (10.07.2023) во 00.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари.

При извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја како и алати со кои е извршена тешката кражба, а притоа било констатирано дека се барал по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп за доиздржување на казна затвор од 4 години и 9 месеци.
По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.