Приведен 51-годишен маж од Василево, во неговиот дом била пронајдена марихуана

Вчера во девет часот во село Василево, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 51-годишниот Б.Б. од село Василево, Струмичко, извести МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: