ПРОНАЈДЕН ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ ОД КОЈ СЕ ПУКАШЕ ВО ИСТ ГЕЈТ!

Автомобилот “Ауди” од кој се пукаше денеска во Ист Гејт Мол е пронајден запален во близина на Грчец.

На 25.08.2023 околу 15.50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

ПРОНАЈДЕН ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ ОД КОЈ СЕ ПУКАШЕ ВО ИСТ ГЕЈТ!

Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли. Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден.

Тој бил во блиндирано возило.

Во мометот во Ист гејт мол полицијата врши увид.

Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и се истражува без да посочи други детали.

Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.