Пронајден непознат расказ на Кавабата

Loading...

Расказ на јапонскиот добитник на Нобеловата награда за книжевност Јусинари Квабата која потекнува од 1927 година е откриена неодамна во архива на локален весник, објавија јапонските проучувачи на литературата.

 Делото потекнува од почетоците на неговата кариера „Utsukushii!” (Прекрасно) е објавено во весник од градот Фукуока, во западна Јапонија, соопшти авторот на ова откритие Такуми Ишикава од универзитетот Рикио.
Ишикава и издавачот Хироши Сакагучи кој управува и со музејот на книжевноста во Фукуока, го откриле текстот на авторот на славните книги „Земја на снеговите” и „Илјада жерави” прекопувајќи по архивите на весникот. Фондацијата Кавабата потоа направила експертиза и ја потврдиле неговата автентичност.
„Во тој период многу познати писатели сакале да објавуваат во локалните весници, бидејќи дневниците со високите тиражи на националниот печат биле растурени до големиот земјотрес од 1923 година во Токио”, појаснува Ишикава.
Расказот „Utsukushii!” за тема ја има приказната за индустријалец кој погребува девојка во гробницата на неговиот хендикепиран син откако таа ќе доживее несреќа на патот до тој гроб.
На надгробната плоча таткото напишал „Убаво момче и убава девојка спијат заедно”.
Самотијата и емпатијата се во фокусот на овој расказ, којшто Кавабата го напишал во 27-та година. Во тоа време веќе останал без родители како и дедото, единствената личност којашто се грижела за него во текот на момчештвото.
„Овој расказ силно потсетува на еден друг што го објавил во 194 година под насловот ‘Utsukushiki Haka' (Убава гробница)”, истакнува Ишикава.
Првиот јапонски писател награден со Нобеловата награда за книжевност во 1968 година, Јусунари Кавабата, извршил самоубиство во 1972 година, во 72-та година од животот.
Макфакс
Расказ на јапонскиот добитник на Нобеловата награда за книжевност Јусинари Квабата која потекнува од 1927 година е откриена неодамна во архива на л

loading...