Раперот Тајлер е најдобро облечениот маж во 2021 година

Во полуфиналето на изборот беа тројца музичари и еден актер – ASAP Rock, Lil Nas X, Tyler The Creator и Тимоте Шаламе.

Tyler The Creator и ASAP Rocky завршија во финалето, а читателите одлучија титулата најдобро облечен маж да му припадне на Тајлер.


Тајлер е 30-годишен американски рапер и продуцент од Калифорнија, а уште од мали нозе сонувал да стане музичар.


Тој во последните години привлекува внимание и со својот еклектичен стил на облекување.
Обожава да експериментира со сите бои и модни додатоци, а едно од парчињата облека што често ги носи е елек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.