РЕЦЕПТ ЗА ЛАЗАЊИ! Никогаш поедноставно и повкусно!

СОСТОЈКИ
1 пакетче лазањи
500гр мелено месо
200гр рендан кашкавал
1 глава кромид
1‑2дл масло
3 чешниња лук
3 дл доматен сос
оригано
магдонос
црн пипер
вегета
1 дл бешамел сос
ПОДГОТОВКА
Исечкајте го кромидот и ставете го да се пржи во тавче со загреано масло.
Ставете на оган тенџере со солена вода. Откако водата ќе започне да врие, додајте ги лазањите да се варат.
Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето додајте го и меленото месо. Постојано мешајте.
Откако месото ќе ја промени својата боја, во тавчето додајте ги и доматниот сос, лукот, ориганото, магдоносот, пиперот и вегетата и пржете додека не ја добиете посакуваната густина.
Во добиената смеса додајте го сосот бешамел.
Откако ќе ги сварите лазањите, земете тава за печење, премачкајте ја со масло и наредете еден ред лазањи. Над нив ставете од смесата со мелено месо и рендан кашкавал, па потоа пак ред од лазањите. Постапката се повторува додека не ги наридете сите лазањи.
Најгорниот слој треба да биде со лазањи. Врз него ставете го остатокот од ренданиот кашкавал.
Ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на температура од 200°С.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.