Рецепт за тиквички со јајца и пармезан

Доколку сте љубител на тиквичките, морате да го испробате овој рецепт кој претставува здрав, лесен, но и превкусен оброк. Совршениот спој од вкусови се должи на комбинацијата од тиквички, сирење и јајца. Сигурни сме дека ќе му се допадне на целото семејство!

Потребни состојки:
3 тиквички
4 чешниња лук
7 јајца
4 лажици растително масло
150 грама пармезан сирење
1 кромид
2 лажици босилек
Начин на подготовка:
Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, а тиквичките сечете ги на тенки прстени. Пропржете го кромидот, а потоа додадете ги лукот и тиквичките – мешајте уште 3 до 5 минути. Изматете ги јајцата и додадете босилек и половина од пармезанот. Со оваа смеса прелијте ги тиквичките. Сето тоа префрлете го во огноотпорен сад за печење, намачкан со масло, а одозгора посипете го преостанатиот пармезан. Печете 10-15 минути на 200 степени целзиусови. Послужете додека е топло со кисело млеко. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.