Ролат од мелено месо

Loading...

Сакате да си направите сами неверојатен ролат од мелено месо за кратко време? Еве го нашиот предлог рецепт за вас.
Земете: 500 г мелено месо, 200 г боранија, 100 г ленти чадена сланина, 100 г кашкавал, 2 кришки леб, 1 чешне лук, магдонос
200 мл супа од коцка, 1 лажица сенф, 500 г парчиња компири, масло, сол и мелен црн пипер по вкус
Меленото месо измешајте го со омекнатиот и исцеден леб, исечканиот лук и магдонос, сол и мелен црн пипер. Од смесата на намрсена фолија обликувајте правоаголна форма и попрскајте ја со масло. Премачкајте ја со сенф, наредете парчиња сланина и изрендајте го кашкавалот. Обарената боранија исечкајте ја на парчиња, нанесете ја на смесата и свиткајте ролат. Одвиткајте го од фолијата и ставете го во тава.
Додадете ги компирите и супата од коцка, и печете 50 минути на 200 степени.

loading...