Роналдо се надева дека Јунајтед ќе ги загуби сите натпревари

Loading...

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдо, бурно реагираше на коментарите на Алекс Фергусон, кои се однесуваа на неговата тежина и фудбалските квалитети.Менаџерот на Манчестер Јунајтед изјави дека Кристијано Роналдо е подобар од стариот и дебел Роналдо.Бразилецот, кој во изминатите месеци, значително ги намали килограмите, на ’нож’ го дочека овој коментар на Фергусон.„Реал Мадрид му ја затвори устата на Фергусон во мое име. Почитувам туѓо мислење, не сметам дека сите мора да мислат дека јас сум најдобриот. Среќен сум поради се она што го постигнав во кариерата, бев и најдобар фудбалер на светот. Разочаран сум што Фергусон не знае да почитува. За некој кој се наоѓа во негова позиција не се однесува пристојно. Немам повеќе што да кажам. Се надевам дека неговиот клуб, до крајот, ќе ги загуби сите натпревари“, огорчено му возвратил Роналдо на Фергусон.
МакфаксЕден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдо, бурно реагираше на коментарите на Алекс Фергус

loading...