Анонимен Русин, управител на транспортна компанија, три години копал тунел преку кој се приклучил на нафтоводот Омск-Иркутск во Сибир, и од него за три месеца украл 30 тони нафта, објави во среда руската полиција во Новосибирск.
„Педесет идвегодишниот маж ископал тунел долг 60 метри од земјиштето што го поседува, сè до нафтоводот Омск-Иркутск, околу 60 километри североисточно од Новосибирск”, додава полицијата.
За три месеца украл 30 тони нафта во вредност од 500 илјади рубљи, или 12.500 евра.
На мажот, кој бил управител на транспортна компанија, му требале три години да го ископа тунелот. Копал ноќе, но и во своето слободно време.
Makфакс
Анонимен Русин, управител на транспортна компанија, три години копал тунел преку кој се приклу