Русија е подготвена да спроведе радикални мерки за да ги извлече руските граѓани од Израел во случај ситуацијата да се влоши, изјави амбасадорот на Руската Федерација во Израел, Анатолиј Викторов.
Тој рече дека нема податоци колку руски државјани досега го напуштиле Израел, но дека има барања до амбасадата за евакуација, кои се решаваат.
Викторов додаде дека засега нема информации за загинати или повредени државјани на Русија.
Денеска зборуваше и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој ја коментираше последната ескалација на конфликтот меѓу официјален Израел и палестинските сили. Тој рече дека сегашната статус кво состојба во зоната на конфликтот во Израел ја покажала својата неефикасност.
Затоа, како што вели, потребно е да се направат одредени промени.
Како што објасни тој, „не само што е неопходно да се прекинат борбите што е можно поскоро, туку е неопходно да се обрне посебно внимание на причините зошто палестинскиот проблем не е решен долги години, иако веќе има договорени решенија во рамките на ОН“.
- Вработен во казино се занел на апарати, па потрошил 50.000 денари од – прометот!
- Што најмногу слушале Македонците во 2023 година? Лозано рекордер, на листата Гавазова, Тамара, Каролина…
- За прв пат по речиси 80 години, небото ќе биде осветлено од експлозија на ѕвезда оддалечена 3.000 светлосни години
- Чкембари удрија по Ангеловски: Да имаше образ веќе ќе беше заминат од Пелистер!
- Македонски енергетски експерти: Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика последици врз енергетскиот сектор
- Сигурен сум дека Арапската лига и Русија можат да придонесат за решавање на проблемот, а пред сè да го запрат страдањето на цивилите – рече Лавров, додавајќи дека Москва е подготвена да разговара со сите кои се искрено заинтересирани за постигнување стабилна мир на Блискиот Исток и создавање палестинска држава, што го бараат и Обединетите нации.
Притоа, министерот нагласи дека соработката меѓу Москва и Арапската лига трае веќе 20 години, бидејќи меморандумот за разбирање е потпишан во 2003 година.
Претседателот на Арапската лига, од своја страна, изјави дека во последните 12 години арапскиот свет бил подложен на невидени настани, кои предизвикале поместувања во регионот.
- На нашиот регион му треба бум што не го гледаме – додаде тој и посочи дека сега е неопходно да се најде итно решение за ситуацијата во Газа.
– Сите сме против страдањето на цивилите од едната или од другата страна – призна тој, објаснувајќи дека „целосно“ се согласува со Лавров дека е неопходно што поскоро да се постигне прекин на огнот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.