Русија во петокот усвои нова стратегија за надворешна политика, која ги издвои Соединетите Американски Држави (САД) и Западот како извор на „егзистенцијална закана“ за Москва.
„Превирањата на меѓународната сцена ја принудуваат Русија да ги прилагоди документите за стратешко планирање, особено концепцијата на надворешната политика на Руската Федерација“, изјави претседателот Владимир Путин на состанокот на неговиот Совет за национална безбедност.
Според првиот човек на дипломатијата, Сергеј Лавров, новиот документ ја нагласува – „егзистенцијалната природа на заканите создадени од акциите на непријателските земји“, квалификувајќи ги САД како главен двигател и водач на антируската линија.
„Генерално кажано, западната политика која има за цел да ја ослабне Русија со сите средства се карактеризира како хибридна војна од нов вид“, објасни Лавров.
„Новата руска стратегија за надворешна политика се заснова на принципот дека на антируските мерки на непријателските земји постојано ќе им се спротивставува, доколку е потребно и остро“, додаде тој.
Усвојувањето на оваа нова надворешнополитичка стратегија го потврдува длабокиот јаз што постоеше меѓу Москва и западните земји од почетокот на руската офанзива врз Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи: