РУСКИ ДИПЛОМАТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ИСТАНБУЛ: Виден е како влегува во хотелската соба, но не излегол

Николај Кобринец, директор на Одделот за паневропска соработка при Министерството за надворешни работи на Русија, ненадејно почина во Истанбул.

– На 12 октомври 2023 година, на 62-годишна возраст, ненадејно почина директорот на Одделот за паневропска соработка и вонреден и ополномоштен амбасадор Николај Сергеевич Кобринец – се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

РУСКИ ДИПЛОМАТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ИСТАНБУЛ: Виден е како влегува во хотелската соба, но не излегол

Министерството не ја прецизираше причината за смртта на Кобринец. Според информациите кои ги објави турската новинска агенција НТВ, дипломатот бил пронајден мртов во неговата хотелска соба во Истанбул.

НТВ јавува дека Николај Кобринец пристигнал во Турција за да учествува на состанокот на амбасадорите. Тој влегол во собата во четвртокот околу 14 часот, но никогаш не излегол.

Следниот ден колеги дипломати се обиделе телефонски да контактираат со него, откако тој не дошол на состанокот. Телото подоцна било откриено од персоналот на хотелот, по што било испратено на преглед во мртовечница. Според прелиминарните податоци на истражниот тим, кои ги пренесува НТВ, дипломатот починал од срцев удар.

Ова не е единствената смрт на руски државни службеници во странство.

Телото на рускиот дипломат претходно беше пронајдено во германската амбасада во Берлин. Германските медиуми јавија дека дипломатот паднал од горниот кат на комплексот на амбасадите во Беренштрасе во берлинскиот кварт Мите.

Рускиот пратеник почина во декември 2022 година во Индија. Еден од најбогатите државни службеници во Русија наводно паднал од третиот кат во хотел во Рајагада.

Украинскиот дипломат Олександр Сенченко (56), за потсетување, неодамна беше пронајден мртов под мистериозни околности во Ерменија, откако се удавил во вода длабока само еден и пол метар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.