Вкусен ручек без месо…
СОСТОЈКИ:
1 пакување макарони
300 гр сирење
2 јајца
сол
зачини
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Макароните згответе ги во солена вода. Кога ќе бидат готови исцедете ги. Во сад разматете јајца и додајте издробено сирење и зачини по вкус.
Макароните ставете ги во огноотпорен сад и прелијте со јајца и сирење. Ставете во загреана рерна 15 минути да се запечат.
Добар апетит!