Сако и ролка – стил за десетка! Модната комбинација на Карли Клос

Одвреме-навреме класичните модни парчиња каква што е ролката прават вистинска промена меѓу трендсетерките, па неа не може да ѝ одолее ниту манекенката Карли Клос.
Манекенката Карли Клос наголемо запловила во светот на бизнисот, а од неа не се очекува ништо помалку од модна комбинација која оддава со самодоверба и успех кои ги доживува на пистите.
Популарната американска убавица била фотографирана пред неколку денови во Њујорк кога одела на состанок со правниот одбор на списанието „W Magazine“.


За важниот состанок Карли се облекла онака како што му доликува на еден модел, а фотографиите за кратко време ги преполниле модните портали затоа што била облечена во есенска дневна комбинација која може да се носи за многу прилики.


Таа носела тенка ролка и одело со потпис на брендот „Another Tomorrow“, составено од панталони кои ја нагласувале нејзината силуета и струкиран сако со лажни џебови.
Станува збор за спој кој без грешка го комбинирала со чанта со иста нијанса на боја, а носела и крем заштитна маска.


Карли носела и рамни чевли со боја на карамела и црн ѓон, а косата ѝ била врзана.
Во кој дел од денот се жените најрасположени за секс, а во кој мажите…
Малезиски гинеколог го измисли првиот кондом во светот кој можат да го користат и мажи и жени
Фризерите едногласно одлучија: Овие 3 нијанси на коса ќе ја одбележат есенската сезона

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.